Aпсолутно без конкуренција вест на денот денес е отказот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Долго време навивачите на Манчестер Јунајтед чекаа да ја прочитаат веста која одекна утрово – Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш по отказот на друштвените мрежи започна голем сеир на сметка на Португалецот.
Во „морето“ шеги на сметка на Португалецот се издвојува познатата пицерија „Пица Хот“ која преку својот Твитер профил „откри“ дека Мурињо се пријавил за работа како пица-мајстор.
Освен тоа тие „бараат“ и препораки од неговиот претходен работодавец.
Hi @ManUtd, we've received a CV from Mr J Mourinho.
He's just applied for a job as pizza chef.
Please can you send through a reference. Thanks.— Pizza Hut Restaurants (@pizzahutuk) December 18, 2018