Исклучително интересни дуели беа одиграни попладнево во Премиер лигата каде Тотенхем и Ливерпул остварија значајни победи, додека Челзи загуби на домашен терен.
После ремито на Манчестер Сити, Ливерпул немаше право на кикс и со победи се оддалечи на високи 11 бода пред „граѓаните“. Херој на победата на „црвените“ беше Вирџил ван Дајк, кој на идентичен начин постигна два гола во првото полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога се чинеше дека Ливерпул лесно ќе дојде до победата, во 76-та голманот Алисон доби црвен картон, а од слободен удар гостите намалија на 2:1. Во последните десетина минути „црвените“ успеаа да го зачуваат водството со играч помалку.
Тотенхем ја запиша третата победа под водство на Мурињо. „Спарси“ има предност од 3:0 со двата гола на Деле Али и Сисоко, но потоа повторно дојде до опуштање во одбраната, па тимот на Мурињо прими два гола за конечни 3:2.
Челзи беше шокиран на својот стадион и загуби од Вест Хем со 0:1, додека Кристал Палас дојде до значајни три бода на гостувањето кај Барнли (0:2)