Жозе Мурињо многу брзо би можел да се врати во тренерската работа.
Мурињо скоро една годна е без работа откако доби отказ во Манчестер Јунајтед кон крајот на 2018 година, а во последно време се почесто се поврзуваше со Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спарсите лошо влегоа во новата сезона. Играат слабо и менаџерот Маурисио Покетино наводно се наоѓа на раб на отказ.
Англиските медиуми дојдоа до информација според кој раководството на Тотенхем веќе го контактирало Мурињо. На големо се работи на негов ангажман, а тоа сосема сигурно ќе се случи ако Спарсите продолжат со очајните резултати.
Во последно време никако не им оди. Играат катастрофално, а пред репрезентативната пауза претрпеа два порази: Од Баерн (2:7) и Брајтон (3:0).
Следниот натпревар Тотенхем го игра на свој терен против Вотфорд. Кикс на оваа средба би можел да значи Покетино ќе биде отпуштен.