Дома Фудбал Англија Мурињо победи па се пожали: Го добивме најтешкиот можен распоред

Мурињо победи па се пожали: Го добивме најтешкиот можен распоред

Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар на „Гудисон“ го надигра Евертон  со 2:0, иако во натпреварот влезе значитело ослабен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо беше задоволен од изданието на своите избраници, а посебно го пофали пристапот на фудбалерите, но и го истакна тешкиот распоред.

„Се беше на највисоко ниво, одигравме одлично, иако ова е веројатно најлошиот распоред кои можевме да го добиеме“, изјави Португалецот па продолжи:

„Евертон имаше игра само пет, можеби осум минути. Останатиот период ние го контролиравме натпреварот. Посебно одличен беше Лингард“, зборуваше „Специјалниот“.

Стрелци за англискиот беа Марсијал и токму Лингард, а Јунајтед во овој момент се наоѓа на третата позиција зад Манчестер Сити и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…