Дома Топ вести Мурињо одбил пет понуди – го чека Реал Мадрид

Мурињо одбил пет понуди – го чека Реал Мадрид

Жозе Мурињо се уште е без ангажман после отказот кој го доби од Манчестер Јунајтед на почетокот на декември минатиот декември.

„Специјалниот“ е голема желба на многу европски клубови, а медиумите сега откриваат дека на негова адреса пристигнале пет понуди.

Имено, Мурињо до сега добил понуди од Бенфика, Монако, Лил, Милан и Шалке, но Португалецот одбил да преговара со нив.

Португалските медиуми пишуваат дека Мурињо тоа го направил бидејќи чека можност и евентуална понуда од Реал Мадрид.

Се верува дека Португалецот е најголемиот фаворит за наследник на Зинедин Зидан доколку Французинот добие отказ.

Реал Мадрид не ја почна најдобро сезоната, но во последните два натпревари победи и се искачи на лидерското место во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…