Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо денес категорично ги демантираше шпекулациите дека може да замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Специјалниот“ нагласи дека уште долго време се гледа себе си како кормилар на Јунајтед и нема намера да замине се додека клубот не реши да го смени.
„Ако сакате директно да ме прашате дали се гледам во Манчестер Јунајтед и следната сезона, ќе ви кажам ДА. Уште кога пристигнав овде кажав дека ќе заминам само кога клубот ќе реши дека не сум повеќе потребен. Мојата цел е да останам и да работам за клубот да се врати таму каде што му е местото“, изјави Мурињо.
„Сакам да останам и не гледам причина зошто да не е така. Точно сум на средина од мојот договор. Ќе останам додека сопствениците и раководството се задоволни од мојата работа. Дали ќе потпишам нов договор тоа зависи од клубот, но јас сакам да останам и подолго од актуелниот договор“, додаде Португалецот.