Дома Фудбал Англија Мурињо: Нема да трошиме премногу

Мурињо: Нема да трошиме премногу

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека нема да „лудува“ во текот на летниот преоден рок кога во прашање е трошењето на пари.

Португалецот за две години на „Олд Трафорд“ потроши 300 милиони фунти.

Ромелу Лукаку, Пол Погба, Немања Матиќ...Се некои од скапоцените вложувања на Португалецот.

По поразот од ВБА после кој Манчестер Сити и математички ја обезбеди титулата, Мурињо порача дека нема премногу да троши овој преоден рок.

„Нема да трошиме повеќе од она што можеме. Нема да „лудуваме“, но ќе се обидеме да го подобриме квалитетот. Сите се обидуваат да го направат истото. Се надевам ќе напредуваме, но останува да видиме што ќе се случи. Можеби Сити ќе вложи огромна сума и нема да дозволи на останатите да им се приближат. Ние сигурно нема да се предадеме“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси потроши 349 милиони, а сепак заврши во плус: Од Стeмфорд Бриџ заминаа дури 39 играчи!

Челси за време на летниот преоден рок продаде 17 и изнајми уште 22 фудбалери. Клубот тврди…