Дома Фудбал Англија Мурињо: Нашиот напредок е евидентен!

Мурињо: Нашиот напредок е евидентен!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е задоволен од перформансите на својот тим во последните натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ запишаа две победи во низа во Премиер лигата, а во ЛШ стартуваа со победа на гостувањето кај Јанг Бојс.

Мурињо посебно се радува како тимот делува во дефанзива предводен од штоперскиот тандем Смолинг – Линделоф.

„Ги решивме дефанзивните проблеми, но тоа не зависи само од Смолинг и Линделоф. Едноставно цел тим игра подобро. Сега сме поконкурентни, повеќе соработуваме и комуницираме. Присутен е тимскиот дух. Добрите резултати ни ја поткренаа самодовербата. Напредокот е евидентен“, задоволен е Мурињо.

Клубот од „Олд Трафорд“ после пет кола го зазема осмото место на табелата, а викендов го пречекува Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот Очоа заминува во пензија по кариера долга две децении!

Славниот мексикански голман Гиљермо Очоа објави дека ја завршува својата професионална кар…