Дома Фудбал Англија Мурињо: Меси може да го купи само тој што не го почитува Финансискиот фер-плеј

Мурињо: Меси може да го купи само тој што не го почитува Финансискиот фер-плеј

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо категорично ја исклучи можноста Лионел Меси еден ден да заигра во тимот на „спарси“.

Мурињо потенцираше дека Меси може да си го дозволат само клубовите кои го кршат Финансискиот фер-плеј и така индиректно го „пецна“ Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние во Тотенхем го почитуваме Финансискиот фер-плеј. Меси може да оди само во клуб кој што не го почитува тоа правило. Па така, со сигурност нема да дојде во Тотенхем“, изјави Мурињо.

Меси беше силно поврзуван со трансфер во Манчестер Сити, но  на крајот се реши да остане во Барселона, а „граѓаните“ беа спремни да му понудат вистинско богатство.

Од друга страна познато е дека Сити имаше проблеми со непочитување на Финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…