Дома Фудбал Англија Мурињо: Ливерпул не е светско чудо, туку само добар тим!

Мурињо: Ливерпул не е светско чудо, туку само добар тим!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е задоволен со освениот бод на дуелот против Ливерпул, додека неговиот колега Јирген Клоп не е среќен поради конечниот исход на дуелот.

„Ова беше тежок натпревар и за нас и за нив. Но, нив им беше потешко. Го контролиравме дуелот во подолги периоди, а имавме тотална контрола во првото полувреме. Контролата ја одржувавме и тактички и емоционално бидејќи влијаевме на атмосферата на стадионот. Публиката покажуваше разочарување бидејќи мислеа дека ги чека лесен натпревар, а тоа не беше така. Натпреварот беше таков каков што планиравме. Не сакавме да ја контролираме играта така што цело време ќе ја чуваме топката. Ливерпул не се светското чудо што ги претставувате дека се, но се многу добар тим“, изјави Мурињо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од другата страна Клоп не е среќен со бодот и смета дека неговиот тим не бил на потребното ниво, па затоа не успеал да ги освои сите три бода.

„Имам измешани емоции. Не сум среќен поради натпреварот. Мислам дека не игравме доволно добро колку што можеме. Тоа е наша грешка и ничија друга. Почнавме добро, но со нивната одбрана човек на човек, не се снајдовме најдобро. Креиравме ситуации еден на еден, а тие беа физички многу силни. Мислам дека тоа е единствениот сегмент во кој беа подобри од нас, но од друга страна тие не создадоа многу шанси. Де Геа имаше две три одлични одбрани, но нашата изведба не беше како што требаше. Единствено што сум среќен е што не примивме гол“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити …