Жозе Мурињо веќе започна со плановите за лето.
Португалецот е одлучен следната сезона да ја освои титулата во Премиер лигата, но и да оди што понатаму во Лигата на Шампионите. Се очекува дека Алексис Санчез ќе блесне, а свесен е дека мора да го освежи тимот. Мајкл Керик ќе се пензионира на крајот на сезоната, Фелаини наводно се договорил со Бешикташ, додека Ерера исто така планира да го подигне сидрото.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека на Мурињо му е потребен искусен играч за врска, по можност од Премиер лигата. Англиските медиуми тврдат дека првата желба е никој друг, туку Џек Вилшер од Арсенал. Тоа би бил за кратко време втор трансфер на играч од „Емирати“ на „Олд Трафорд“. Санчез го прежалија, но миленикот на навивачите тешко. Вилшер на крајот на сезоната му истекува договорот, во последно време игра се подобро, но до продолжување на соработката не дојде.
Наводно, Мурињо подготвил прифатлива плата за Англичанецот, подогвен е да го промовира со Матиќ во главната дефанзивна игра на „Црвените ѓаволи“. Прашањето е само дали Џек ќе ги издаде „Топчиите“, а ако дојде до трансфер тоа би било и поголемо изневерување од она на Ван Перси кога исто така го одбра патот за Манчестер.