Дома Топ вести Мурињо и Родригез се договорија, сега на потег е Реал!

Мурињо и Родригез се договорија, сега на потег е Реал!

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо сака во јануарскиот преоден рок да го донесе Хамес Родригез на „Олд Трафорд“.

Имено, како што тврдат медиумите Колумбоецот има ветување од Мурињо дека ќе го донесе во Јунајтед, но треба да се избори со раководството на Реал да ја намали неговата цена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралевите“ го платија Хамес Родригез 80 милиони евра, а сега за неговата слобода бараат најмалку 60 милиони, што е премногу и за Манчестер Јунајтед.

Родригез во неколку наврати изјави дека сака да си оди од Реал Мадрид, бидејќи тој не е задоволен од минутажата, па додатно ќе врши притисок врз раководство да му дозволат да замине во јануари.

Мурињо и Хамес имаат ист менаџер, па наводно Колумбиецот дал ветување дека ќе ги одбие сите други понуди бидејќи сака преселба на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…