Дома Топ вести Мурињо и Гвардиола се „тепаат“ за дуото од Тотенхем!

Мурињо и Гвардиола се „тепаат“ за дуото од Тотенхем!

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе водат голема битка за потписите на Дени Роуз и Кил Валкер од Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.

Роуз и Валкер брилјираат ова сезона и се сигурено меѓу најдобрите бекови во Премиер лигата, па го привлекоа вниманието на манчестерските клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека Мурињо е одлучен во намерата да го донесе дуелот на „Олд Трафорд“ и спремил понуда од 60 милиони фунти.

Сепак, Португалецот треба да се избори со силната конкуренција бидејќи Гвардиола во Роуз и Валкер гледа долгорочно решение за бековските позиции на „граѓаните“.

Се разбира, последниот збор ќе го има Тотенхем кој не сака да се раздели од своите најдобри фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…