Жозе Мурињо наскоро ќе се врати на тренерската работа, а ако им веруваме на медиумите на Островот познато е и во кој клуб.
„Тајмс“ пишува дека Мурињо одржал состанок со Раул Санлехи, шеф на службата на Арсенал. Мурињо и Раул биле видени на вечера во Лондон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсенал наводно е во преговори со Мурињо кој би можел да го наследи Емери на кого не му оди.
Според информациите, Емери после ремито со Вулверхемптон би добил шанса уште на наредните два натпревари да ја поправи ситуацијата и тимот да го врати на победнички колосек.
Се пишува и дека раководството е загрижено за односот на Емери со одредени играчи во тимот, пред се тоа се однесува на Месут Озил кој со Мурињо би добил втора шанса во Арсенал.
Уште една бариера на Емери е јазикот тој се уше не знае добро да зборува англиски.
Доколку овие најави се остварат ќе биде интересно да се види Мурињо на клупата на Арсенал. Ќе потсетиме во Премиер лигата претходно Мурињо беше тренер на Челзи и Манчестер Јунајтед.
Пред неколку дена дури и се појавија и најави како би можел да изгледа Арсенал под водство на Мурињо – тука.