Манчестер Јунајтед вчера одигра 0:0 на гостински терен, Жозе Мурињо по оваа средба доби огромен број критики поради начинот на кој играше неговиот тим.
Вистински херој на „црвените ѓаволи“ во овој натпревар беше Шпанецот Давид Де Геа кој имаше неколку спектакуларни одбрани.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не е лесно овде да се изборите за 0:0. Имавме повеќе прилики отколку што изгледа. Резултатот не е ниту лош, ниту добар, се ќе биде одлучено на „Олд Трафорд“. Моите играчи играа добро и сум задоволен. Не сум изненаден што немаше погодоци. Направивме неколку грешки, но Де Геа беше на свое место кога беше најпотребно“, изјави Мурињо.
Новинарите потоа го запрашаа зошто го заменил Алексис Санчез на 15 минути пред крајот на натпреварот.
„Кога во Англија некој ќе ми каже дека крилните играчи не треба да се враќаат во одбраната, ќе го прашам Дејвид Бекам, дали во Манчестер додека играше како крило се враќаше во одбрната кога ќе ја изгубеше топката. Сите знаете дека не сум голем пријател со Рој Кин и Пол Сколс, но ќе ги прашам и нив, дали се враќаа или се шетаа по теренот. Кога ја имате топката напаѓате, која ја немате се браните. Не ми е јасно зошто некои сакаат да измислуваат нов спорт“, зборуваше Португалецот.