Жозе Мурињо на денешната пресконференција ги коментираше гласините за евентуален трансфер на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед, и тоа го направи во свој стил.
Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Роналдо не е среќен во Реал и дека може да се врати на „Олд Трафорд“, а Мурињо иако декларативно изрази почит кон Реал сепак го „пецна“ својот поранешен клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со оглед на тоа што му се случува на Реал Мадрид, јас сум последниот кој трбеа да додава масло. Мадрид гори, резултатите не се добри. Но тоа е клуб каде што работев три години и клуб кој се уште ми е драг. Па мислам дека не треба да додавам масло во огнот”, истакна Мурињо и додаде:
„Наместо тоа, ќе фрлам вода, и ќе кажам дека Роналдо е играч кој секој менаџер, и секој клуб би сакал да го има, но само еден тренер и еден клуб можат да го имаат и тоа се Зидан и Реал Мадрид. Тоа е моето мислење”.
José Mourinho: “I would say Cristiano is the kind of player that everyone wants, but only one manager can have and only one club can have – Zidane and Real Madrid. That’s my feeling.“ (Source: @ManUtd) pic.twitter.com/Yw1EUUrASd
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 25, 2018