Дома Фудбал Англија Мурињо: За Салах да се надева на Златната топка мора да направи уште една работа

Мурињо: За Салах да се надева на Златната топка мора да направи уште една работа

Мохамед Салах со Ливерпул успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Египќанецот го играше своето второ финале со „црвените“ во низа и таму го совладаа Тотенхем со 2:0, а Салах овој пат го одигра целиот натпревар и беше стрелец на првиот гол.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата година поради повредата на рамото мораше во 30-тата минута да ја напушти играта, а Ливерпул на крајот беше поразен од Реал Мадрид.
Салах ова лето со Египет ќе игра на Афричкиот куп на нации и поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека играчот на Ливерпул мора да го освои тоа натпреварување доколку сака да стигне до Златната топка.

„Салах мора да го освои Афричкиот Куп на Нации ако сака да се натпреварува за Златната топка. Турнирот се игр во Египат, па освојувањето на ова натпреварување е цел која мора да се освои“, изјави Мурињо за „беИН Спортс“.

Главен фаворит во фудбалската јавност за „Златната топка“ во овој момент е Меси, а Салах тешко дека ќе дојде до ова престижно признание. Дури и да не биде Меси голем дел од јавноста оваа година за најдобар играч на Ливерпул го сметаат стоперот Вирџил Ван Дајк кој одигра една чудесна сезона.

Останува времето да покаже дали ќе има некакво изненадување, но засега Меси изгледа како фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …