Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо за ремито со Валенсија: Можевме да победиме, но не и да изгубиме

Мурињо за ремито со Валенсија: Можевме да победиме, но не и да изгубиме

mourinho

Манчестер Јунајтед против Валенсија на „Олд Трафорд“ одигра само 0:0 и тоа секако не е резултат кој ќе задоволи било кого во клубот.

Јунајтед продолжи со лошите резултати, но Мурињо според изјавата како да е делумно задоволен од она што неговите играчи го прикажале на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тврди и тежок натпревар, квалитетен натпревар. Можевме да победиме, но мислам дека не можевме да изгубиме. Не се плашев од порз поради начинот на кој играше тимот. Одигравме на повисоко ниво, во смисла на посветеност и интезитет, но не постигнавме гол“, изјави Мурињо за клупската телевизија веднаш после натпреварот.

„Немавме премногу шанси. Неколку добри, погодена беше стативата, не бевме далеку од постигнување на гол. Сметам дека момците тоа го заслужија, но на крајот и освоен бод без примен гол може да биде важен. Ќе видиме што не чека, можеби овој бод ќе биде пресудниот момент“, заврши Португалецот.

https://www.youtube.com/watch?v=Z0u6PTnyA6Q

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…