Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја коментираше информацијата која ја пласираа англиските медиуми дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката.
Неодамна медиумите на Островот излегоа со информација дека Португалецот постигнал согласност со раководството на Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот до 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор на Мурињо истекува во 2019 година, а Португалецот потврди дека двете страни се задоволни од соработката, но се уште нема официјален договор.
„Мојот договор со Јунајтед е до јули 2019 година, па има многу време за да разговараме на оваа тема. Знам дека сопствениците се задоволни, јас исто така сум среќен во клубот, па сигурно дека лесно ќе постигнеме договор“, изјави Мурињо.