Манчестер Јунајтед денес и официјално се раздели со менаџерот Жозе Мурињо, но приоритетите на „црвените ѓаволи“ во зимскиот преоден рок и понатаму остануваат исти.
Приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на централен дефанзивец, а главна цел е играчот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алдервајлед беше главна трансфер цел на Мурињо во летниот преоден рок, но тогаш раководството не успеа да постигне договор за негов трансфер.
Меѓутоа, Алдервајлед во договорот со „спарси“ има клаузула која ќе биде активирана на лето и според која ќе може да си замине за 25 милиони фунти.
Идејата на „црвените ѓаволи“ е да понудат 40 милиони фунти и да го добијат неговиот потпис уште во јануари.
Останува да се види каков ќе биде одговорот на Тотенхем, со оглед на фактот што Манчестер Јунајтед им е директен конкурент за место во Топ 4 на крајот на сезоната.