Дома Фудбал Англија Мурињо: Заборавете го името, историјата, дресот, сите клубови имаат добри играчи

Мурињо: Заборавете го името, историјата, дресот, сите клубови имаат добри играчи

mourinho

Многумина со нетрпение ја очекуваа на менаџерот на Манчестер Јунајтед после натпреварот против Лестер.

Португалецот се задржа нешто подолго во разговорот со новинарот на телевизијата која го работеше преносот и кажа многу нешта кои ќе ги интересираат навивачите на Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека одигравме добро во одредени делови на натпреварот. Одигравме добро против квалитетен тим кој инвестираше повеќе од нас, потрошија повеќе“.

„Треба да се навикнеме на тоа да играме против тимови кои имаат играчи со ист квалитет како и нашите. Заборавете го името, историјата, дресот, сите имаат добри тимови и секој натпревар е тежок“, изјави Мурињо.

Потоа Португалецот доби прашање дали сезоната за неговиот тим ќе биде тешка затоа што не купуваше многу во летниот преоден рок, тој на тоа одговори потврдно.

„Секако дека ќе биде тешка, ќе биде тешка и за другите не само за нас. Имав свои планови со месеци наназад и се најдов на почетокот на првенството со затворен пазар, тоа не е она што го очекував. Готово, не сакам да зборувам повеќе за тоа, трансфер периодот е завршен“, одговори Мурињо.
Ќе биде ли Јунајтед со овој ростер во состојба да се бори за трофеи?

„Мораме да го почекаме крајот на ноември и почетокот на декември да сфатиме како работите ќе се одвиваат и дали ќе се бориме за титулата“, констатираше Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…