Дома Фудбал Англија Мурињо: Животот ми е катастрофа!

Мурињо: Животот ми е катастрофа!

Жозе Мурињо има потешкотии да се прилагоди на животот во Манчестер, живее сам во хотел додека пак неговото семејство е во Лондон.

Мурињо за англиските медиуми призна дека животот во Манчестер му е катастрофа, а особено тешко му паѓа тоа што е одвоен од семејството.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мојот живот е хаос, катастрофа. Ми недостасува семејството, не знам самиот да готвам, па најчесто јадам готова или брза храна која ја порачувам и ми ја доставуваат во хотелот. Не можам ниту да седнам во некој ресторан бидејќи постојано околу мене има папараци и навивачи на Јунајтед. Сонувам да се прошетам низ градот и да јадам како човек, но не можам”, призна Мурињо во интервју за „Мирор“.

Престојот во хотелот му е на трошок на клубот, но од Манчестер Јунајтед веднаш се обидоа да се одбранат дека тие не му прават притисок евентуално да си купи свој дом.

„Размислувам да купам апартман, не некоја огромна куќа за која пишуваат медиумите. Никогаш нема да купам огромна куќа. Доколку најдам фин апартман со добра конекција од гаражата до апартманот, можеби ќе го купам”, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…