Дома Фудбал Останато Мурињо демантира: Извештаите за Барселона не ги направив јас!

Мурињо демантира: Извештаите за Барселона не ги направив јас!

mourinho

Англиските медиуми пред неколку дена објавија анализа на играчите на Барселона од страна на Мурињо во сезоната 2005/2006.

Така е претставено дека Мурињо посебно анализирал дел од играчите на Барселона за кои напишал:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЗА КАРЛЕС ПУЈОЛ

Агресивен, но и многу емотивен. Полудува откако судијата ќе го досуди првиот прекршок против него и многу лесно може да ја изгуби главата после провокации. Многу агресивен дефанзивец, сака да го користи своето тело во играта. Има лошо движење (излегува во средината зад напаѓачите) и е лош лидер во одбраната. Бидејќи сака да го користи своето тело, лесно прави прекршоци во близина на голот. Многу добар во скок играта и многу силен.

ЗА АНДРЕС ИНИЕСТА

Секогаш влегува од клупата. Многу експлозивен играч Тежок за чување бидејќи има добар радиус на движење.

ЗА РОНАЛДИЊО

Има одличен квалитет да ги поминува одбранбените играчи во првиот допир со топката. Кога чуварот е далеку од него, бара еден на еден ситуација со противничкиот бек. Повеќе е опасен кога ќе влезе во средина. Сепак, многу е лош во одбраната и скоро и воопшто да не учествува во тој дел од играта.

ЗА МЕСИ

Многу квалитетен и брз играч, но не ја користи десната нога во играта. Се однесува како и Роналдињо. Ја добива топката и напаѓа простор. Навистина е неверојатен во играта еден на еден. Ако сакате да му правите фаул правете го што побрзо и надвор од шеснаесетникот. Штотуку се опорави од повреда.

Меѓутоа сега се огласи Португалецот и тврди тие извештаи не се негови.

„Извештаите не се мои! Жал ми е што некого ќе разочарам. Од кога стигнав во Бенфика и до сега мојата анализа никогаш не стана официјален извештај, туку клучни идеи кои ми помогнале да се припремам за тренингот и планирањето на натпреварот“.

„Официјалните анализи секогаш ги прават аналитичари, асистенти и компјутерски техничари, но никогаш јас“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…