Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок го донесе Алексис Санчез од Арсенал, а веќе на почетокот на февруари почнаа да ги подготвуваат плановите за следното лето.
Имено, „Ѓаволите“ се заинтересирани во летниот преоден рок да „Олд Трафорд“ да го преселат младиот фудбалер на Ајакс, Џастин Клајверт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Синот на легендата на холандскиот фудбал, Патрик настапува за првиот тим на Ајакс од изминатата сезона, а до денес запиша 41 настап во првиот тим постигна осум погодоци.
Мурињо го знае младиот Клајверт уште од добата кога беше дел од стручниот штаб на Барселона, тогаш Џастин како дете доаѓаше на натпреварите на каталонскиот состав.
Се верува дека „Ѓаволите“ за 17-годишниот фудбалер спремаат понуда тешка 10 милиони фунти, со разни бонуси врзани за неговите настапи.
Клајверт како што се наведува е воодушевен од таквиот расплет, има голема желба еден ден да го облече дресот на Јунајтед, а наговестувањето на овој трансфер се случи на крајот на изминатата сезона, кога Јунајтед и Ајакс се сретнаа во финалето од Лига Европа.