Дома Фудбал Италија Мурињо: Ги лажев сите, многу се плашев од пораз

Мурињо: Ги лажев сите, многу се плашев од пораз

Португалскиот стратег Жозе Мурињо со победата против Сасуоло го прослави големиот јубилеј, 1000 натпревари кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


До победата Рома стигна со голот на Ел Шарави во последните моменти од натпреварот, а тоа донесе неверојатна радост кај Мурињо кој почна да трча околу теренот.

После натпреварот призна дека ги лажел играчите и им зборувал дека не му е важно што ова ќе биде негов 1000 натпревар.

„Сите ги лажев! Со денови претходно им зборував дека овој 1.000 натпревар не ми е важен, но многу се плашев од пораз. Добро е што победивме, а јас трчав како дете затоа што се чувствуав како да имам 12 години, не 58“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За Ноер парите не се најважани, ќе игра и за помала плата!

Легендарниот голман на минхенски Баерн, Мануел Ноер, нема намера наскоро да се повлече од …