Натпреварите на Светското првество во Катар биле посетени од повеќе од 3,4 милиони фанови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа покажа статистиката за бројот на гледачи на 64-те натпревари на турнирот, а ги објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Тоа го прави овој Мундијал трет најпосетен во историјата после Мундијалот во САД 1994 година и тој во Бразил 2014 година.
Општиот број на гледачи на Мундијалот изнесува 3.404.252 гледачи или 53.191 гледач по натпревар.
Најпосетени биле натпреварите на стадионот „Лусијал“ помеѓу Аргентина – Мексико, Аргентина – Хрватска и финалето помеѓу Аргентина – Франција.