Дома Фудбал Светско првенство во фудбал МУНДИЈАЛОТ ВО БРОЈКИ: Се што до сега треба да знаете за Светското првенство

МУНДИЈАЛОТ ВО БРОЈКИ: Се што до сега треба да знаете за Светското првенство

На Светското фудбалско првенство во Русија одиграни се 56 од 64 натпревари кои ќе ги видиме на 21. Мундијал, во кој се постигнати 146 гола, односно во просек 2,6 по натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заклучно со натпреварите во осмина финалето, судиите покажаа 189 жолти картони (3,4 во просек по натпревар) и четири црвени (0,07). Играчите испратија 43,139 точни додавања или во просек 770,3 по натпревар.

Белгија со 12 постигнати гола е најефикасната репрезентација до сега на Мундијалот. Најмногу напади имаше Шпанија која беше елиминирана во осмина финалето – 288. Играчите на „Црвената фурија“ имаа и најмногу додавања (3,120), додека најдобра во одбранбените интервенции е Русија (196).

Најмногу удари кон голот упати Бразилецот Нејмар – 24. Кристиан Ериксен (Данска) најмногу претрча, 51 километар во четири натпревари. Серхио Рамос (Шпанија) со 485 успешни пасови е лидер во тој статистички сегмент. Најмногу одбрани забележи голманот на Мексико, Гилермо Очоа (25).

Четвртфиналните натпревари почнуваат во петок, 6. јули, кога се сретнуваат Уругвај – Франција и Бразил – Белгија. Ден подоцна се натпреварите помеѓу Шведска – Англија и Русија Хрватска, каде што ќе бидат познати полуфиналните парови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…