Фудбалерот на Шахтјор Михјало Мудрик важи за еден од најперспективните фудбалери во Украина, а со добрите настапи во Лигата на шампионите дополнително го сврте вниманието на себе.
Шатхјор не сака лесно да се откаже од неговите услуги и постави цена која тешко дека некој ќе ја плати. Украинскиот клуб бара 100 милиони евра, а дека е премногу е свесен и самиот Мудрик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навистина бев изненаден кога слушнав која е цената која ја поставил Шахтјор. Имам долгорочен договор со Шахтјор и го дава максимумот, но секој фудбалер сонува да игра за топ клуб и во најсилните првенства, па не сум исклучок и јас.
Сигурно никој нема да плати 100 милиони евра за фудбалер од првенството на Украина. Нема да кријам дека сум вознемирен затоа што тие 100 милиони евра се пречка за мојата транзиција во посилно првенство“, изјави Мудрик.