Дома Македонски спорт Мрме за грчка „Газета“: Македонија не се плаши и може да биде изненадување на Евро!

Мрме за грчка „Газета“: Македонија не се плаши и може да биде изненадување на Евро!

Селекторот Игор Ангеловски овие денови е главна ѕвезда на овие простори, не само кај нас за интервју со Мрме се „тепаат“ бројни медиуми. И заслужи Анегловски го донесе најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбалс – не однесе на Европско.

Еден од медиумите за кои Ангеловски зборуваше е грчката „Газета“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Менталитетот на репрезентацијата се смени, некогаш се плашевме да не изгубиме од Андора, денес не се плашиме од никого. Враќањето на Горан Пандев беше многу важно. Среќен сум што успеав да го убедам да се врати. Создадовме тим на млади и искусни играчи, а Пандев ни требаше да биде наш лидер. Така почнаа работите да се менуваат“.

„Пандев е нашиот најдобар фудбалер на сите времиња. Неговото присуство ги прави подобри и ги мотивира помладите. Знае како се играат големи натпревари, освои многу титули меѓу кои е најголемата клупска, Лигата на шампионите.

Може ли Македонија да биде изненадување на Евро?

„Зошто да не? Сега доаѓа период во кој ќе работиме и ќе се спремаме. Ги имаме во групата Австрија, Украина и Холандија, сигурно нема да ни биде лесно, но не се плашиме. Ние сме на добро ниво и веруваме во добар резултат. Имаме многу млади играчи ко ииграат во најголемите европски лиги, тимот дефинтивно има квалитет“.

Може ли Елмас да го наследи Пандев?

Елмас игра во голем клуб како Наполи и тој покажа дека има лидерски квалитети. Сигурно дека може да го наследи кога ќе се пензионира, но тука и Барди од Леванте кој исто така има голем потенцијал“.

Интервјуто на Ангеловски за „Газета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…