Дома Македонски спорт Мак фудбал Мојсов: Шкупи е најквалитетниот тим во лигата, но и ние имаме свои идеи и амбиции

Мојсов: Шкупи е најквалитетниот тим во лигата, но и ние имаме свои идеи и амбиции

Брегалница утре ја очекува дербито од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Повеќе од сериозен предизвик за „сините“ против лидерот Шкупи на Чаир во желбата за продолжување на извонредната победничка серија од изминатите три кола.

По убедливата победа од 0-3 на гостувањето против Пелистер во Битола, сосема очекувано амбициите на секој поединец во тимот се квалитетно издание и против фаворитот Шкупи. Капитенот Даниел Мојсов пред утрешниот натпревар го потенцира мотивот кај секој фудбалер на Брегалница за ново максимално издание и позитивен резултат од гостувањето во Скопје.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Големо е задоволството по одличната игра и победата на секогаш жешкото гостување во Битола. Но, тој натпревар е веќе зад нас и мислите секако се насочуваат единствено кон следниот дуел. Јасно е дека не чека најтешкиот натпревар во овој есенски дел против најквалитетниот тим во лигата за кого носиме огромен респект, но во исто време во Скопје да се надигруваме без преценување на никого. Ние за овој натпревар имаме свои идеи, цели и амбиции носени од желбата да приредиме уште една радост на нашите навивачи“ – вели столбот во одбраната на Брегалница, Даниел Мојсов.

Натпреварот од 12. коло во ПМФЛ меѓу Шкупи и Брегалница се игра утре на Стадионот Чаир во Скопје со почеток од 14 часот. Натпреварот во живо ќе биде пренесуван на Македонската телевизија и на Арена Спорт.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…