Дома Македонски спорт Мојсовски: Нема борба, ние едвај чекавме да играме на големо натпреварување

Мојсовски: Нема борба, ние едвај чекавме да играме на големо натпреварување

Македонскиот поранешен репрезентативец, Наумче Мојсовски им замерува на репрезентативците што не прикажуваат желба и борба на теренот.

Денес Македонија одново забележа убедлив пораз од репрезентацијата на Русија (20:32), а Мојсовски го кажа она што веројатно го забележува најголем дел од спортската јавноста кај нас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Најголем проблем на оваа репрезентација е борбата, почнавме како без желба. Резултатот никој нема да го спори каков и да биде ако момците истрчаат на терен со мотивација и желба, а тоа се забележува“.

„Светското првенство треба да биде мотивација само по себе, ние едвај чекавме да стигнеме да играме на вакво натпреварување. За помладите ова секако ќе биде голем плус, но треба да заборавиме дека имаме млади играчи кои имаат пет-шест големи натпреварувања. Како и да е сите ја имаат мојата поддршка. Нека собираат искуство, можеби овие момци ете на 26 години имаат што да прикажат“, изјави Мојсовски во гостувањето на МРТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…