Тиаго Мота, кој најави крај на кариерата, откри кој фудбалер сака да го види во ПСЖ.
Бразилецот одлучи да стави точка на кариерата и во иднина ќе работи во младинските категории на ПСЖ. Во интервјуто кое го даде за La Parisien не го заобиколи прашањето кој би сакал да го види во редовите на францускиот првак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мота призна дека би сакал тоа да биде Тони Крос.
„Би сакал да го видам Тони Крос во ПСЖ. Може да игра повеќе напред, а кога е во прашање стилот на игра во ПСЖ, тој е инзвореден. Му се восхитувам веќе подолго време. Може да игра на три позиции во средината, а посебно е добар пред одбраната.“ – рече Мота.
Желбата на Мота веројатно ќе остане неисполнета, бидејќи Крос не размислува за напуштање на Бернабеу, посебно по освојувањето на три трофеи во ЛШ.