Дома Кошарка Морничава фотографија од местото каде загина Коби Брајант направена 4 минути по трагедијата

Морничава фотографија од местото каде загина Коби Брајант направена 4 минути по трагедијата

Aмериканските медиуми објавија фотографија која настанала неколку моменти по падот на хеликоптерот во кој животот го загуби Коби Брајант заедно со уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата 13 годишна ќерка Џиана.

Сликата навистина изгледа страшно, пламен има насекаде и невозможно е некој да преживее нешто. Фотографијата ја направил велосипедист само неколку минути по несреќата.

Велосипедистот прв стигнал до местото на несреќата, бидејќи се нашол во близина возејќи по вообичаената рута. Падот на хеликоптерот бил во 09:45, а фотографиите биле направени четири минути подоцна, пишува „ТМЗ“.

Според информациите постојат уште неколку фотографии, но полицијата ги чува во тајност додека не се расчистат причините за несреќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Прво сезонско дерби: Ефремовски верува дека Работнички може до победа

Работнички му гостува на МЗТ Скопје во првата меѓусебна пресметка сезонава. Виктор Ефремов…