Дома Фудбал Италија Морати: Сезонава во Серија А нешто се прашува и Интер

Морати: Сезонава во Серија А нешто се прашува и Интер

Интер после подолго време сезонава е сериозен конкурент на Јувентус, на изненадување тука е и римски Лацио.

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати зборувше за актуелната ситуација и некои потези на раководството.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Во моментот кога ги продадовме Перишиќ, Наинголан и Икарди бев збунет, ми изгледаше аспурдно. Изгледаше дека тоа што го прави клубот нема никаква смисла, на крајот го купивме Лукаку и се испадна повеќе од добро“, смета Морати.

За ситуацијата во Серија А и Јувентус.

„Јувентус е во период на транзиција, после долго време со ист тренер направија промена и тоа влијае на играта. Сезонава покажуваат слабости, меѓутоа сега нешто се прашува и Интер. Ние сме силен тим, посилен од минатите години имаме одличен тренер и можеме да издржиме до крај“, заврши поранешниот прв човек на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…