Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мората ја промаши најголемата шанса, „нула“ на Шпанија и Шведска 🎥

Мората ја промаши најголемата шанса, „нула“ на Шпанија и Шведска 🎥

Репрезентацијата на Шпанија вечерва одигра натпревар без голови против Шведска во натпревар од првото коло во групната фаза на ЕП.

Шпанците тргнаа офанзивно од почетокот и имаа желба што побрзо да дојдат до предност, но Швеѓаните не дозволија. Првата шанса ја видовме во 16. минута кога Дани Олмо се обиде со глава, но Робин Олсен го одбрани неговиот удар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку минути подоцна видовме одлична прилика за Шпанија. Овој пат Алба нафрли од левата страна, а на топката натрча Коке кој од околу седум метри одалеченост шутираше високо над голот. Во 29. минута повторно шанса имаше Коке. Најдобрата шанса Шпанија ја пропушти 10 минути подоцна. Во центарот на вниманието се најде Мората кој излезе сам пред Олсен, меѓутоа шутираше покрај стативата.

Исак во 41. минута можеше да ги казни сите промашувања на Шпанија. Во вториот дел исто така видовме повеќе шанси. Шпанците доминираа на средината на теренот и продолжија со нападите, сепак патот до мрежата не успеаа да го пронајдат.

Со овој разулатат нормално дека повеќе задоволни се во таборот на Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…