Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората вчера ги постигна двата гола во победата на Јувентус против Динамо Киев на гости.
Шпанецот по натпреварот истакна големи амбиции и најави дека „старата дама“ го сака трофејот во Лигата на шампионите. Головите Мората ги постигна во 46. и 84. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона го сакаме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го направивме. Задоволни сме“, изјави Мората.
Екипата на Андреа Пирло во следниот натпревар идната недела ќе ја пречека Барселона во дербито на групата Г.