Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мората најави заминување од Атлетико, но и – напуштање на репрезентацијата!

Мората најави заминување од Атлетико, но и – напуштање на репрезентацијата!

Алваро Мората како што стојат работите во наредната сезона би можел да не го носи дресот на Атлетико Мадрид, но шпанскиот напаѓач најави и напуштање на репрезентацијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мората во пресрет на полуфиналето на Европското првенство даде изјава со која не криеше дека размислува за крај на репрезентативната кариера. Не е сигурен ниту во своето останување во Атлетико.

„Во фудбалот ништо не е невозможно, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. Овој турнир сакам да го завршам на најдобар можен начин бидејќи ми е последен во дресот на репрезентацијата. Би можел да се простам по Европското првенство. Тоа можност, но не би сакал сега премногу да зборувам за тоа“, изјави Мората.

Дресот на Атлетико Мората го носи од 2019 година со тоа што една сезона беше на позајмица во Јувентус каде што и претходно настапуваше од 2014 до 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Манчестер јунајтед добива еден од најдобрите во Премиер лигата, но мора да плати 85 милиони евра

Вест Хем е подготвен да го продаде Матеус Фернандеш во текот на летниот преоден рок, но са…