Дома Топ вести Мората и Јуве повторно заедно: Понудата испратена, се чека одговор од Челзи

Мората и Јуве повторно заедно: Понудата испратена, се чека одговор од Челзи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Мората постагнале договор, па сега „старата дама“ има план како да го врати Шпанецот во своите редови.

„Раи Спорт“ пренесува дека Јувентус не е во можност да плати веднаш 60 милиони евра за неговиот потпис, но има план како да ги убеди „сините“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Јувентус нуди 5 милиони евра за двегодишна позајмица и задолжителен откуп во 2020 година за додатни 60 милиони евра.

Челзи нема ништо против да го пушто Мората, но прашање е дали ќе се согласи на понудата која ја нуди „старата дама“.

Мората во Челзи заработува 9 милиони евра по сезона, што за Јувентус би било проблем, но медиумите тврдат дека Шпанецот се согласил на условите во Торино да заработува 7,5 милиони евра.

Мората не се снајде баш најдобро на Островот и сака да се врати во Италија, каде помина две одлично години во Јувентус.

И додека се чека одговорот од Челзи, во Италија се оптимисти дека Мората ќе се врати во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…