Јувентус минатото лето го донесе Алваро Мората на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид, а во договорот потои опција за откуп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ за позајмицата на Мората плати 10 милиони евра, но за целосен откуп ќе треба да плати уште 45 милиони евра, а во моментов не е спремна да ја искористи таа опција.
Раководството на Јувентус на лето најверојатно ќе го врати Мората во Атлетико, а примарна трансфер цел ќе биде Жоао Феликс.
Роналдо го сака својот сонародник и тоа му го порачал на претседателот Андреа Ањели.
„Бјанконерите“ сакаат да донесат нова ѕвезда во нападот, особено поради фактот што Пауло Дибала најверојатно ќе биде продаден.
Јувентус е спремен за Жоао Феликс да понуди 70 милиони евра, плус 30 милиони преку бонуси.