Дома Фудбал Англија Мората апсолутен рекордер: На оваа статистика би позавидел и Филипо Инзаги

Мората апсолутен рекордер: На оваа статистика би позавидел и Филипо Инзаги

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората е тема на британските медиуми, посебно кога ќе потфрли и нема да постигне погодок.

Бидејќи такво нешто се случи во натпреварот против Тотенхем, беше да се очекувано да му се пронајде нова мана – и статистичарите на Островот му пронајдоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мората е апсолутен рекордер по бројот на офсајди оваа сезона. Шпанецот оваа сезона во недозволена позиција бил дури 18 пати во досегашните 12 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Ниту еден играч во Премиер лигата, не бил ниту блиску до Мората кој сам има повеќе офсајди од целиот тим на Бурнемоут, играчите на овој во недозволена позиција се нашле 16 пати.

На оваа статистика на Мората би можела да „позавиди“ и легендарниот Филипо Инзаги, кој додека играше фудбал беше познат по офсајдите. Само што Италијанецот беше и поефикасен од напаѓачот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…