Дома Фудбал Италија Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората кажа дека Душан Влаховиќ влијаел на неговата позиција во тимот, но и дека се надева на нов гол на Србинот.

Во текот на зимскиот преоден рок се шпекулираше дека Шпанецот ќе се пресели во Барселона, но „Старата дама“ не дозволи таков трансфер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не е важно колку бев блиску до трансфер. Разговарав со тренерот Алегри, а тој ми кажа какви идеи има. Ми објасни колку ќе биде важно доаѓањето на Душан за мене, а така и беше на крајот“, кажа Мората.

На прашањето на кој начин влијаел Влаховиќ на него, шпанскиот фудбалер даде краток одговор.

„Тој е фантастичен играч. Ни донесе само позитивни работи. Млад е и ќе има одлична кариера“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски доби прашање дали ја напушта Барселона, а тој даде мистериозен одговор

Роберт Левандовски конечно прозборе за неговата иднина во Барселона, но наместо јасен одго…