Дома Фудбал Италија Мончи итно повикан во Америка, а главната тема не е Ди Франческо, туку играчите!

Мончи итно повикан во Америка, а главната тема не е Ди Франческо, туку играчите!

Фудбалерите на Рома синоќа доживеаја пораз на домашен терен од големиот ривал Милан кој на „Олимпико“ славеше со 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Волчицата“ одигра еден од најлошите натпревари оваа сезона, а откако судијата покажа пат кон соблекувалната можеа да се слушнат исвиркувања од домашните навивачи. По мечот на удар најмногу се најде тренерот на римскиот клуб, Еусебио Ди Франческо.

Рома во досегашниот дел од сезоната имаше неколку промашени натпревари, а јавноста во Италија верува дека тоа би можело да го чини Ди Франческо. Целта на Рома е оваа сезона повторно да избори пласман во Лигата на шампионите, а доколку продолжат вака да играат тоа на крајот би било невозможна мисија.

Како што се наведува во италијанските медиуми, спортскиот директор на Рома, Мончи денес отпатувал во САД на итен состанок со сопственикот на Рома, Хамес Палото. Состанокот ќе се оддржи во Бостон, а главната тема нема да биде тренрот туку играчите.

Како што се вели, претседателот на Рома, Палото, за лошите резултати не го обвинува Ди Франческо туку играчите. Палото според Фудбал Италија, обвинил неколкумина фудбалери дека не го даваат својот максимум во дресот на Рома и дека на тоа се сведува лошата форма на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Елиот Андерсон го преферира Манчестер Сити пред Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити изгледа дека е фаворит за потписот на играчот за средина на терен од Нотинг…