Во два неизвесни сета Новак Ѓоковиќ стигна до победата против Борна Чориќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во мечот од второто коло во Монте Карло, Ѓоковиќ го совлада Чориќ со 2:0 во сетови 7:6 (7:2) и така избори пласман во 1/8 финалето.
Ѓоковиќ започна одлично и стигна до предност од 4:1 во гејмови. Но потоа следуваше пад на Србинот, па Чориќ стигна до изедначување на 5:5. Во тешка борба Новак го доби наредниот гејм и така обезбеди тај-брејк.
Во тај-брејкот беше доминантен и го доби со 7:2.
Вториот сет го обележија брејковите, но еден повеќе направи Ѓоковиќ кој повторно брзо стекна предност и тука успеа и да ја одржи. Во финишот гледавме вистинска игра на нерви. Ѓоковиќ во деветиот и десетиот гејм пропушти дури девет меч топки против Чориќ кој не се предаваше.
Упорноста на Хрватот се исплатеше успеа да изедначи на 5:5.
Сепак, Новак веќе во следниот гејм стигна до нов брејк, а потоа на свој сервис ја обезбеди победата 7:5.
Во 1/8 финалето ќе гледаме меч помеѓу Ѓоковиќ и Австралиецот, Доминик Тим.
Djokovic (?@TennisTV ) pic.twitter.com/SGbfxoCnnB
— doublefault28 (@doublefault28) April 18, 2018