Дома Фудбал Лига на шампиони Монтела до стратегот на Рома: Да се видиме во финалето

Монтела до стратегот на Рома: Да се видиме во финалето

Севиља со победата на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед (1:2) оствари пласман помеѓу осумте најдобри тимови во Европа.

Во успех на тимот од Андалузија скоро и никој да не веруваше, но на крајот екипата која ја предводи Винченцо Монтела направи огромен успех.

Италијанскиот стручњак после победата на „Театарот на соништата“ се пошегува и откри кој тим би сакал да го види во финалето,

„Кога пристигнав во Севиља се пошегував со својот голем пријател Еусебио Ди Франческо и му порачав дека сакам да го видам во финалето од Лигата на шампионите против мене“, изјави Монтела кој потоа ја пофали играта на своите избраници.

„Одигравме чудесен натпревар. Ова е голем резултат за нас и среќен сум поради се што се случува“, истакна Италијанецот.

Севиља во својот противник во четвртфиналето ќе го добие на ждрепката која е закажана за во петок.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вест на денот во Лондон: Боувен како Дел Пјеро!

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека Џаред Боуен потпишал нов договор! Иако мног…