Дома Топ вести Монтела бара три засилувања во јануари!

Монтела бара три засилувања во јануари!

Милан одлично ја започна сезоната во Серија А и покрај фактот што не донесе големи засилувања во летниот преоден рок и неочекувано се најде во борба за место кое води во Лига на шампиони.

Поради тоа тренерот Монтела од новите сопственици ќе бара три засилувања во зимскиот преоден рок, бидејќи нема доволно алтернативи на клупата, што одлично се виде на последниот меч со Џенова.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека тренерот побарал по едно засиливање за секоја зона во тимот, односно дефанзивец, играч за врска и еден крилен напаѓач.

Најпотребен е квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Монтоливо, иако во моментов тоа добро го прави младиот Локатели. Сепак, Монтела не сака да го форсира тинејџерот и бара алтернатива за таа позиција.

Во нападот Хонда и Луиз Адриано најверојатно ќе го напуштат „Сан Сиро“ во јануари бидејќи не се вклопуваат во замислите на тренерот, па неопходно ќе биде раководството да донесе еден крилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …