Дома Фудбал Останато Момче од 10 години го замоли Клоп Ливерпул да не победува, Германецот му одговори (ФОТО)

Момче од 10 години го замоли Клоп Ливерпул да не победува, Германецот му одговори (ФОТО)

Ливерпул сезонава изгледа доминантно во англиската Премиер лига и нема пораз цела сезона на 26 натпревари има 25 победи и едно реми. Единствен клуб кој извлече бод против Ливерпул беше Манчестер Јунајтед.

„Црвените“ се лидери со предност 22 бода во однос на Манчестер Сити. Еден навивач на Јунајтед кој има 10 години се одлучи да го замоли Клоп да престане да победува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Драг Клоп. Ливерпул многу победува. Ако победите на 9 натпревари во низа ќе имате најдолга низа на непобедливост во историјата на англискиот фудбал. Бидејќи јас сум фан на Манчестер Јунајтед тоа ме прави тажен. Ве молам да изгубите на следниот натпревар. Треба само да му доволите на противникот да ве победи. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, гласело писмото на 10 годишникот.

На негово изненадување писмото стигна до Клоп кој му одговори.

„За жал не можам да ти ја исполнам желбата. Ти колку и да сакаше Ливерпул да изгуби мое е да направам да победува бидејќи имаме милиони навивачи кои сакаат тоа да се случи. Не сакам нив да ги изневерам. За твоја среќа ние сме губеле во минатото и тоа ќе се случи сигурно во иднина. Кога имаш 10 години мислиш дека работите секогаш ќе бидат исти, јас со 52 можам да ти кажам дека не е така. Се надевам дека уште ќе победуваме и ќе освоиме уште некој трофеј и тоа нека не те разочарува. Нашите клубови се ривали, меѓутоа помеѓу нас има почит. Тоа е најважното во фудбалот“, гласел одговорот на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…