Дома Фудбал Италија Момчето кое жари и пали во Серија А: Кој е Криштоф Пиатек?

Момчето кое жари и пали во Серија А: Кој е Криштоф Пиатек?

piatek

Во време кога за добар играч, посебно за напаѓач се нудат огромни сум, управата на Џенова докажа дека за многу мала сума може да се доведе фудбалер кој ќе ја подигне екипата на повисоко ниво.

Клубот од Италија ова лето го ангажираше Пиатек кој жари и пали во италијанската Серија А и после шест одиграни кола веќе има постигнато 8 погодоци и зад себе на листата на стрелци засега остави големи имиња како Имобиле, Икарди, Роналдо, Манџукиќ…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега време е да кажеме нешто за овој напаѓач кого медиумите во светот го нарекуваат „новиот Левандовски“. Пиатек има 23 години и пред него е барем уште 10 сезони фудбал на високо ниво, а доколку кариерата во Италија му се развива со вакво темпо не би требало да се грижи дали ќе го оправда прекарот.

Игра на позицијата на паѓач, висок е 1.83. Во Џенова пристигна само за четири милиони фунди од полската Краковија. Претходно настапуваше за неколку полски клубови.

Тој минатата сезона играјќи за Краковија во најсилниот ранг во послкиот фудбал постигна 21 погодок и запиша четири асистенции на 36 одиграни натпревари. Во сезоната претходно беше стрелец на 12 голови на 32 натпревари.

Добрите натпревари му донесоа и место во националниот тим за кој дебитираше на почетокот на овој месец. Веќе пишувавме дека денес во Серија А сруши рекорд стар 69 години.

Доколку вака продолжи сигурно дека му смешка светла иднина и уште многу натпревари во националниот дрес. Дали навистина ќе го оправда прекарот „новиот Левандовски“, останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…