Дома Фудбал Италија Момент кој ја покажува ГОЛЕМИНАТА на Марек Хамшик!

Момент кој ја покажува ГОЛЕМИНАТА на Марек Хамшик!

hamsik

Екипата на Наполи овој викенд запиша убедлива победа од 6:0 против тимот на Беневенто, а еден момент од овој натпревар италијанските медиуми посебно го издвојуваат, а токму тој ја покажува големината на капитенот на Наполи, Марек Хамшик.

Тренерот на Наполи бидејќи Мартенс веќе постигна погодок одлучува пеналот во 50 минута при резултат од 5:0 да го изведе Словакот, Марек Хамшик. Во овој момент Хамшик поминува низ тежок период, а тоа народот од Неапол добро го знае, па целиот стадион започнува да го скандира името на нивниот капитен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мартенс ја зима топката и погледнува кон Марек како да сака каже: Сакаш ли ти да го изведеш?, но на големо изненадување, Марек кажува НЕ!

„Изведи го ти, ти се натпреваруваше за најдобар стрелец, тебе ти е повеќе потребен“, му возвратил Хамшик.

По натпреварот, Хамшик додаде дека за него не е толку важен рекордот на Марадона, она што за него е важно е добриот настап и победата на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …