Дома Фудбал Момент за историја: Жена прв пат ќе суди во Лигата на шампиони

Момент за историја: Жена прв пат ќе суди во Лигата на шампиони

Французинката Стефани Фрапа ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Јувентус и Динамо Киев во 5-то коло од Лигата на шампиони.

Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди на еден натпревар во Лигата на шампиони.

36-годишната Фрапар веќе има сериозно искуство од судење на важни натпревари. Таа ја делеше правдата на Суперкупот на УЕФА помеѓу Ливерпул и Челзи минатата година.

Исто така беше судијка на женското финале на СП помеѓу САД и Холандија, а има судено и натпревари од француската Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Финска го избра наследникот на Фрис: Лехкосуо доби петгодишен договор

По три години со младата репрезентација, Мика Лехкосуо ја презема сениорската селекција на…