Утрово српските медиуми ја пренесоа тажната вест за смртта на голманот Драган Пантелиќ. Легендарниот голман ја загуби битката со коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пантелиќ беше легенда на српскиот и југословенски фудбал, а беше посебен затоа што и како голман постигнуваше голови. Редовно тој шутираше пенали и слободни удари за Раднички, а на еден натпревар успеа да дојде и до хет-трик.




Од сите голови на Пантелиќ се издвојува оној против Вележ кога со дегажман од својот шеснаесетник го совлада колегата Енвер Мариќ на спротивната страна.